Известување за заштита на податоци


1. Известување за заштита на податоци

Bosch Power Tools GmbH (во натамошниот текст „Bosch Power Tools“ или „Ние“ или „Нас“) ви посакува добредојде на нашите интернет страници и мобилни апликации (заедно, исто така наречени „Онлајн понуди“). Ви благодариме за вашиот интерес за нашата компанија и нашите производи.


2. Bosch Power Tools ја почитува вашата приватност

Заштитата на вашата приватност во текот на обработката на личните податоци, како и безбедноста на сите деловни податоци, претставува важна грижа за нас. Ние ги обработуваме личните податоци што биле собрани за време на вашата посета на нашите онлајн понуди, на доверлив начин и само во согласност со законските регулативи.

Заштитата на податоците и безбедноста на информациите се составен дел на нашата корпоративна политика.


3. Контролор

Bosch Power Tools GmbH е контролорот којшто е одговорен за обработката на вашите податоци; исклучоците се наведени во ова известување за заштита на податоците.

Нашите контактни податоци се следните:

Robert Bosch Power Tools GmbH, Max-Lang-Straße 40-46, 70771 Leinfelden-Echterdingen, ГЕРМАНИЈА, kontakt@bosch.de.

Имајте предвид дека во текот на регистрирање, Bosch Power Tools е „здружен контролер“ со други компании од групацијата Bosch во согласност со Член 26 од Општата регулатива за заштита на податоци. За повеќе информации за ова и вашите права во овој поглед, погледнете го Делот 4.4: „Регистрација“.


4. Собирање, обработка и употреба на личните податоци

4.1 Категории на обработени податоци

Се обработуваат следните категории на лични податоци:

• Податоци за комуникација (на пример, име, телефон, е-пошта, адреса, IP адреса)

• Главни договорни податоци (на пр. договорни односи, договорен интерес или интерес за производот)

• Историја на клиентите

• Сметководство на договорот и податоци за плаќањето

4.2 Принципи

Личните податоци се состојат од сите информации коишто се поврзани со идентификувано или препознатливо физичко лице, а тука се вклучени, на пр. имиња, адреси, телефонски броеви, адреси на е-пошта, главни договорни податоци, сметководство на договорите и податоци за плаќањето, кои го изразуваат идентитетот на една личност.

Ние ги собираме, обработуваме и користиме личните податоци (вклучително и IP адресите) само кога за тоа постои законска правна основа, или ако самите сте дале согласност за обработката или употребата на личните податоци во врска со ова прашање, на пр. по пат на регистрација.

4.3 Цели на обработката и правна основа

Ние, како и добавувачите на услуги нарачани од наша страна; ги обработуваме вашите лични податоци за следните цели на обработка:

4.3.1 Обезбедување на овие онлајн понуди

(Правна основа: Исполнување на договорните обврски. Се применуваат следните услови: Врска).

4.3.2 Обезбедување на овие онлајн понуди и исполнување на договорните обврски според нашите договорни услови, вклучително и фактурирање. Во фактурирањето може да биде вклучена и продажбата на побарувањата.


(Правна основа: Исполнување на договорната обврска, затоа се применуваат следните услови, односно нашиот легитимен интерес за ефикасно управување со побарувањата, во однос на продажбата на побарувањата).

4.3.3 Одговарање на кориснички барања во рамките на формуларот за контакт

(Правна основа: Исполнување на договорните обврски или легитимниот интерес за подобрување на производите / услугите).

4.3.4 Решавање на прекини во услугата, како и од безбедносни причини.

(Правна основа: Исполнување на нашите законски обврски во рамките на безбедноста на податоците и легитимниот интерес за решавање на прекините во услугите, како и заштитата на нашите понуди).

4.3.5 Заштита и одбрана на нашите права.

(Правна основа: Легитимен интерес од наша страна за заштита и одбрана на нашите права).

4.3.6 Самопромоција и промоција од други лица, како и истражување на пазарот и анализа на дофатот, направени во рамките на законски дозволениот опсег или врз основа на согласност

(Правна основа: Согласност / легитимен интерес од наша страна за директен маркетинг, ако е во согласност со заштитата на податоците и законот за конкуренција).

4.3.7 Анкети за производи или клиенти извршени преку е-пошта и/или телефон, кои се предмет на ваша претходна изречна согласност.

(Правна основа: Согласност).

4.3.8 Спроведување на томболи или кампањи за попусти, во согласност со соодветните услови и условите за томбола или кампањите за попусти.

(Правна основа: Исполнување на договорните обврски).

4.3.9 Испраќање на е-пошта или SMS/MMS билтен или директни известувања, кои се предмет на согласност на примателот.

(Правна основа: Согласност).

4.4 Регистрација

За да се користат проширени функционалности, потребна е регистрација во нашите онлајн понуди. Подолу ќе најдете повеќе информации за процесот на регистрирање и најава.

Ова е структурирано на следниов начин:

4.4.1 Интегрирано управување со профили на клиенти - овозможува интеграција на разни опции за регистрација, како Bosch Single Key ID и најавување со сметка на социјалните мрежи.

4.4.2 Single Key ID - една од опциите за најавување овозможена од Bosch IO.

 

4.4.1 iCPM, заедничка контрола, во согласност со Член 26 од Општата регулатива за заштита на податоци

„Интегрираното управување со профили на клиенти“ (iCPM) на Bosch поврзува различни апликации на Bosch, со цел вие како деловен партнер (корисник, клиент) да не мора да ги давате вашите податоци повеќепати, со што ви се овозможува најдобро можно корисничко доживување. Освен тоа, iCPM овозможува можност за најавување на апликации на Bosch преку различни опции за најавување.

Во рамките на iCPM,

Robert Bosch Power Tools GmbH

Max-Lang-Strasse 40--46, D-70771 Leinfelden-Echterdingen

понатаму како „Bosch PT“

 

и

 

страните наведени во „Списокот со страни“ (понатаму „страни“)

работат

со тесна соработка. Ова се однесува и на обработката на вашите лични податоци. Страните заедно го одредија редоследот според кој податоците ќе се обработуваат во поединечните фази и според тоа ќе се сметаат како здружени контролери согласно законот за заштита на податоци, согласно Член 26 од Општата регулатива за заштита на податоци.

Овде има и детален преглед на заедничките и одделните активности за обработка на податоци и одговорности на страните:

 

Обработка на податоци:

 

Одговорност:

Брокер за идентитет со давателите на услуги на Bosch како и надворешни даватели на услуги (Facebook,Apple, Google) за B2C и надворешни B2B-корисници Bosch PT.

 

Bosch PT

Брокер за идентитет со BCD/Bosch ADFS за B2E (администратори на Bosch)

Bosch PT

Снимање, зачувување и овозможување кориснички атрибути за поврзаните апликации

Страните

 

Што значи ова за вас:

- Страните ќе ви овозможат на вас како субјекти на податоци информации како што е пропишано согласно Членовите 13 и 14 од Општата регулатива за заштита на податоци на прецизна, транспарентна, разбирлива и лесно пристапна форма на јасен и едноставен јазик бесплатно. Секоја од страните ќе ѝ ги овозможи на другата страна потребните информации од својата сфера на активност.

- Страните ќе се информираат една со друга без одложување за какви било права на субјекти на податоци што ги имате вие како субјект на податоци. Ќе ги овозможат едни на други сите потребни информации за одговор на вашите барања за информации.

- Вие ги побарувате вашите права како субјект на податоците од секоја од страните во секое време.

 

4.4.2. Најавување со SingleKey ID, заедничка контрола

Можете да се најаувате на вашиот веб-сајт со SingleKey ID.

SingleKey ID беше развиен од Bosch.IO GmbH за да може групацијата Bosch да им овозможува на корисниците сеопфатна опција за најавување на веб-сајтовите, продавниците, апликациите и услугите на Bosch. Bosch.IO GmbH, Ullsteinstrasse 128, 12109 Berlin, Германија, е одговорна за овозможувањето на SingleKey ID.

Bosch.IO GmbH ги обработува вашите податоци за целите на „регистрирање и најавување со SingleKey ID“, како и „преглед и одржување на главните податоци и апликации со SingleKey ID“ според заедничка одговорност со нас. За повеќе информации, одете на: https://singlekey-id.com/data-protection-notice/.

По еднократно регистрирање, можете да го користите SingleKey ID за да се најавувате. За таа цел, ќе бидете пренасочени кон маска за најавување на Bosch.IO GmbH. По успешна автентикација, Bosch.IO GmbH ќе ни ги даде потребните лични податоци (на пример, адреса на е-пошта, телефонски број, име, презиме, јазик, земја). Вашата лозинка нема да биде префрлена кај нас.

Можете да го укинете вашиот кориснички договор за SingleKey ID во секое време на веб-сајтот SingleKey ID со бришење на вашиот SingleKey ID: https://singlekey-id.com/myprofile/. Имајте предвид дека со бришење на вашиот SingleKey ID ќе го изгубите пристапот до сите веб-сајтови, продавници, апликации и услуги на Bosch каде што сте се најавиле со SingleKey ID.

4.5 Датотеки со дневници

Секој пат кога користите интернет, вашиот пребарувач ни пренесува одредени информации, што ги чуваме во таканаречените датотеки со дневници.

Ние ги складираме датотеките со дневници за да утврдиме дали постојат нарушувања на услугите и од безбедносни причини (на пример, да ги испитаме обидите за напад), во период од 7 дена, а потоа ги бришеме. Датотеките со дневници што треба да се чуваат како докази се исклучени од бришењето, сé додека не се реши соодветниот инцидент и во зависност од случај до случај, можат да се предадат на истражните органи.

Во датотеките со дневници, се зачувуваат следните информации:

-IP адресата (адреса на интернет протокол) на терминалниот уред што се користи за пристап до онлајн понудата;
-Интернет-адресата на веб-страницата од која се пристапува до онлајн понудата (т.н. URL на изворот или URL на упатување);
-Името на добавувачот на услуги што се користел за пристап до онлајн понудата;
-Името на датотеките или информациите до коишто се пристапува;
-Датумот и времето, како и времетраењето на отповикувањето на податоците;
-Количината на пренесени податоци;
-Користениот оперативен систем и информациите за интернет пребарувачот, вклучувајќи ги и инсталираните додатоци (на пример, Flash Player);
-http статусниот код (на пример, „Барањето е успешно“ или „Бараната датотека не е пронајдена“).

4.6 Деца

Оваа онлајн понуда не е наменета за деца под 16-годишна возраст.

4.7 Пренос на податоци до други контролори

Во принцип, вашите лични податоци се проследуваат до други контролори само ако се потребни за исполнување на договорната обврска, или ако ние самите, или некоја трета страна, има легитимен интерес за преносот на податоци, или ако за тоа сте дале согласност. Деталите за правната основа и примателите или категориите на приматели, можат да се најдат во делот - Цели на обработката и правна основа.

Дополнително, податоците можат да се пренесат на други контролори, ако сме должни да го сториме тоа заради законските прописи или извршните административни или судски наредби.

4.7.1 Добавувачи на услуги (општи)

Ние вклучуваме надворешни добавувачи на услуги за задачи како што се продажни и маркетинг услуги, управување со договори, ракување со плаќања, програмирање, хостирање на податоци и услуги за дежурни телефонски линии. Внимателно ги избравме тие добавувачи на услуги и редовно ги набљудуваме, особено во врска со нивното соодветно постапување и заштитата на податоците што ги чуваат. Сите добавувачи на услуги се должни да ја чуваат доверливоста и да се придржуваат кон законските одредби. Добавувачи на услуги можат да бидат и други компании од групацијата Bosch.

4.8 Пренос до приматели надвор од ЕЕА

Личните податоци можеме да ги пренесеме на приматели лоцирани надвор од ЕЕА, во таканаречени трети земји. Во такви случаи, пред преносот се осигуруваме дека примателот на податоците обезбедува соодветно ниво на заштита на податоците, или дека вие сте дале согласност за преносот.

Имате право да добиете преглед на примателите од трети земји и копија од конкретно договорените одредби, кои го обезбедуваат соодветното ниво на заштита на податоците. За таа цел, ве молиме користете ги изјавите дадени во делот Контакти.

4.9 Времетраење на складирањето, периоди на чување

Во принцип, ние ги чуваме вашите податоци онолку долго, колку што е потребно да ви ги пружиме нашите онлајн понуди и поврзаните услуги, или сé додека имаме легитимен интерес за чување на податоците (на пр., ние сеуште би можеле да имаме легитимен интерес за маркетинг преку пошта, по исполнувањето на нашите договорни обврски). Во сите други случаи, ние ги бришеме вашите лични податоци, со исклучок на податоците што сме должни да ги чуваме заради исполнување на законските обврски (на пример, поради периодите на чување според даночните и комерцијалните кодови, должни сме да имаме документи како што се договори и фактури за одреден временски период).


5. Томболи

Во случај да учествувате во некоја од нашите томболи, ги користиме вашите податоци за да ве информираме за секоја освоена награда и заради рекламирање на нашите производи, до степенот којшто е дозволен со закон или онолку за колку сте дале согласност. Информациите за томболите можат да се најдат во соодветните услови за учеството.


6. Употреба на колачиња

Во контекст на нашата онлајн услуга, можат да се користат колачиња и механизми за следење.

Колачињата се мали текстуални датотеки, што можат да се зачуваат на вашиот уред при посетата на нашата онлајн услуга.

Следењето е можно преку користењето на различни технологии. Конкретно, ние ги обработуваме информациите користејќи ја технологија на пиксели и/или тоа го правиме за време на анализата на датотеките со дневници.

6.1 Категории

Ние правиме разлика помеѓу колачињата кои се задолжително потребни за техничките функции на онлајн услугата и оние колачиња и механизми за следење, кои не се задолжително потребни за техничката функција на онлајн услугата.

Вообичаено е можно да се користи онлајн услугата без колачиња, кај оние услуги што служат за нетехнички цели.

6.1.1 Технички потребни колачиња

Под технички потребни колачиња, подразбираме колачиња без коишто не може да се обезбеди техничко обезбедување на онлајн услугата. Тука се вклучени, на пример колачињата што зачувуваат податоци, за да се обезбеди непречена репродукција на видео или аудио снимки.

Таквите колачиња ќе бидат избришани кога ќе ја напуштите веб-страницата.

6.1.2 Колачиња и механизми за следење кои технички не се потребни

Ги користиме колачињата и механизмите за следење, само ако претходно сте ни ја дале вашата согласност за секој одреден случај. Со исклучок на колачето што го зачувува тековниот статус на вашите поставки за приватност (колаче за избор). Ова колаче е поставено врз основа на легитимен интерес.

Во однос на овие колачиња и механизми за следење, разликуваме две под-категории:

6.2 Колачиња за удобност

Овие колачиња ја олеснуваат работата и на тој начин ви овозможуваат поудобно да ја пребарувате нашата онлајн услуга; на пример, вашите јазични поставки можат да бидат вклучени во овие колачиња.

Колачиња за маркетинг и механизми за следење

Општо

Со користење на колачињата за маркетинг и механизмите за следење, ние и нашите партнери сме во состојба да ви прикажеме понуди врз основа на вашите интереси, како резултат на анализата на вашето однесување како корисник:

- Статистика:

Со користење на статистичките алатки, го мериме на пример, бројот на прегледи на вашата страница.

- Следење на конверзија:

Нашите партнери, заради следење на конверзијата ставаат колаче во вашиот компјутер („колаче за конверзија“), ако сте пристапиле до нашата веб-страница преку рекламата на соодветниот партнер Вообичаено, овие колачиња немаат важност после 30 дена. Доколку посетувате некои одредени страници на нашата веб-страница, а колачето сеуште не е истечено, ние и нашиот соодветен партнер за конверзија можеме да препознаеме дека одреден корисник кликнал на рекламата, па затоа бил пренасочен кон нашата веб-страница. Ова исто така може да се направи на повеќе уреди. Информациите добиени со помош на колачето за конверзија служат за составување на статистика за конверзијата и запишување на вкупниот број на корисници, кои кликнале на соодветната реклама и биле пренасочени кон веб-страница, со ознака за следење на конверзијата.

- Повторно насочување:

Овие алатки создаваат профили на корисници, со помош на рекламни колачиња или колачиња за рекламирање од трети страни, наречени „веб-светилници“ (невидливи графики што се нарекуваат и пиксели или пиксели за следење), или со помош на споредливи технологии. Тие се користат за рекламирање базирано на интерес и за контрола на зачестеноста, со која корисникот гледа некои одредени реклами. Релевантниот добавувач на услуги е контролорот којшто е одговорен за обработката на податоците, во врска со алатката. Добавувачите на алатките можат да откриваат информации и на трети страни, заради гореспоменатите цели. Во тој контекст, ве молиме да обрнете внимание на известувањата за заштита на податоците, добиени од релевантниот добавувач.

Ве молиме, имајте во предвид дека користењето на алатките може да вклучува пренос на вашите податоци до приматели надвор од ЕЕА, каде што нема соодветно ниво на заштита на податоците во согласност со GDPR (на пример, во САД). За повеќе детали во овој поглед, погледнете го следниот опис на поединечните алатки за маркетинг.

6.2.1 Optimizely (Оптимизирано)

Име: Optimizely (Оптимизирано)
Добавувач: Optimizely Inc; улица Хауард 631, апартман 100; Сан Франциско, Калифорнија 94105
Функција: Колачето може да го следи однесувањето на корисниците на веб-страницата и да понуди искуства за тестирање и персонализација на UX

 

6.2.2 Google Analytics (Google анализа)

Име: Google Analytics (Google анализа)
Добавувач: Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Dublin (Гордон Хаус, Бароу Стрит, Даблин) 4, Ирска
Функција: Анализа на однесувањето на корисниците (пребарувањето страници, бројот на посетители и посети, преземањата), креирање на псевдонимни кориснички профили, базирани на информациите за вкрстени уреди на најавени корисници на Google (следење на вкрстени-уреди), збогатување на псевдонимните кориснички податоци со информации специфични за целната група, обезбедени од Google, пренасочување, UX тестирање, следење на конверзија и повторно таргетирање во врска со Google Ads

6.2.3 Tealium (Теалиум)

Име: Tealium (Теалиум)
Добавувач: Tealium Inc., 11095 Torreyana Road San Diego (Торејана роуд Сан Диего), CA (Калифорнија) 92121
Функција: Администрација на ознаки на веб-страниците преку корисничкиот интерфејс, интеграцијата на програмските кодови на нашите веб-страници

6.2.4 Hotjar (Хотјар)

Име: Hotjar (Хотјар)
Добавувач: Hotjar Ltd., Level 2, St Julians Business Centre, 3, Elia Zammit Street, St Julians STJ 3155, Malta (Ниво 2, деловен центар Сент Џулијанс 3, улица Елија Замит, Сент Џулијанс СТЈ 3155, Малта)
Функција: Колачињата можат да следат како корисниците вршат пребарување низ повеќе страници; креирањето на дијаграмски мапи, снимањето сесии, истражувања/анкети

6.3 Управување со колачиња и механизми за следење

Можете да управувате со поставките за колачиња и механизмите за следење во пребарувачот и/или нашите поставки за приватност.

Белешка: Поставките што сте ги направиле се однесуваат само на пребарувачот што бил користен во секој поединечен случај.

6.3.1 Деактивирање на сите колачиња

Ако сакате да ги деактивирате сите колачиња, ве молиме деактивирајте ги колачињата во поставките на вашиот пребарувач. Ве молиме имајте во предвид дека тоа може да влијае на функционалноста на веб-страницата.

6.3.2 Управување со вашите поставки во врска со колачињата и механизмите за следење кои технички не се потребни

Кога ги посетувате нашите веб-страници, во слојот на колачиња, ќе бидете прашани дали се согласувате со тоа да ги користиме колачињата за удобност, колачињата за маркетинг или механизмите за следење, на соодветен начин.
Во нашите поставки за приватност, можете да ја повлечете вашата согласност со важност за во иднина, или да ја дадете вашата согласност во некој подоцнежен момент.


7. Билтен со можност за вклучување; Право на повлекување

Во рамките на нашите онлајн понуди, можете да се регистрирате за билтени. Ви ја обезбедуваме таканаречената опција за двојно вклучување, што значи дека ќе ви испраќаме билтен само преку е-пошта, мобилен месинџер (како на пример WhatsApp), SMS порака или директно известување, откако изречно ќе ни го потврдите активирањето на услугата за билтени, со кликнување на врската во известувањето. Во случај повеќе да не сакате да добивате билтени, можете да ја прекинете претплатата во секое време, со повлекување на вашата согласност. Можете да ја повлечете вашата согласност за добивање на билтени преку е-пошта, со кликнување на врската што ќе ви биде испратена во соодветната пошта со билтенот, или во административните поставки за онлајн понудата. Алтернативно, контактирајте нé преку деталите за контакт, наведени во делот за Контакт.


8. Надворешни врски

Нашите онлајн понуди можат да содржат врски до интернет страници на трети страни, особено до добавувачи коишто не се поврзани со нас. Откако ќе кликнете на врската, тогаш ние повеќе немаме влијание врз собирањето, обработката и користењето на личните податоци, што веројатно се пренесуваат со кликнување на врската до трета страна (како што е IP адресата или URL-адресата на страницата, на којашто се наоѓа врската) бидејќи однесувањето на третите страни е природно надвор од нашата контрола. Ние не ја преземаме одговорноста за обработката на личните податоци од страна на трети страни.


9. Безбедност

Нашите вработени и компаниите што даваат услуги во наше име, се должни да ја чуваат доверливоста и да ги почитуваат важечките закони за заштита на податоците.

Ги преземаме сите неопходни технички и организациски мерки, за да го обезбедиме соодветното ниво на безбедност и да ги заштитиме вашите податоци што се администрираат од наша страна, особено за ризици од ненамерно или незаконско уништување, манипулација, загуба, промена или неовластено откривање или неовластен пристап. Нашите безбедносни мерки, во согласност со технолошкиот напредок, постојано се подобруваат.


10.Кориснички права

За да ги остварите вашите права, ве молиме користете ги деталите дадени во делот за Контакт. Притоа, ве молиме осигурајте се дека е можна недвосмислена идентификација на вашата личност.

Право на информации и пристап

Имате право да добиете потврда од наша страна за тоа дали вашите лични податоци се обработуваат или не, и доколку се обработуваат, да добиете пристап до вашите лични податоци.

Право на исправка и бришење

Имате право да напрвите исправка на неточните лични податоци.Ако се исполнети законските услови, имате право на комплетирање или бришење на вашите податоци.   

Тоа не се однесува на податоците коишто се неопходни за наплата или за сметководствени цели, или подлежат на законскиот период за чување. Меѓутоа, ако пристапот до таквите податоци не е потребен, нивната обработка е ограничена (погледнете го следното).

Ограничување на обработката

Ако се исполнети законските барања, имате право да побарате ограничување на обработката на вашите податоци.

Преносливост на податоци

Ако се исполнети законските барања, можете да побарате да ги примате податоци што ни ги имате дадено, во структуриран, најчесто користен и машински читлив формат, или - доколку е технички изводливо - да ги пренесеме тие податоци до некоја трета страна.

Повлекување на согласност

Во случај да сте се согласиле на обработката на вашите податоци, во секое време имате право да ја отповикате таа согласност, со важност за во иднина Законитоста за обработката на податоците пред вашето повлекување, останува непроменета.


11.Право да поднесете жалба до надзорен орган

Имате право да поднесете жалба до надзорен орган Можете да се жалите до надзорниот орган којшто е одговорен во вашето место на живеење или во државата каде што живеете, или до надзорниот орган којшто е одговорен за нас. Тоа е:

Државен комесар за заштита на податоците и слободата на информациите

Адреса:
Lautenschlagerstraße 20
70173 Stuttgart, GERMANY (70173 Штутгарт, ГЕРМАНИЈА)

Поштенска адреса:
Поштенско сандаче Сандаче 10 29 32
70025 Stuttgart, GERMANY (70025 Штутгарт, ГЕРМАНИЈА)

Телефон: +49 (711)/615541-0
Факс: +49 (711)/615541-15
Е-пошта: poststelle@lfdi.bwl.de


12.Промени во Известувањето за заштита на податоци

Го задржуваме правото да ги промениме нашите мерки за безбедност и заштита на податоците. Во таквите случаи, соодветно ќе го измениме и известувањето за заштита на податоците. Затоа, ве молиме да обрнете внимание на тековната верзија на нашето известување за заштита на податоците, бидејќи таа подлежи на промени.

Доколку сакате да нé контактирате, ве молиме најдете нé на адресата наведена во делот „Контролор“.

За да ги потврдите вашите права, користете ја следната врска: https://request.privacy-bosch.com/entity/PTDE/?app=34e06089-8879-4d25-a67a-0fe012d2e960.

За да пријавите инциденти околу заштитата на податоците, користете ја следната врска: https://www.bkms-system.net/bosch-datenschutz.

За предлози и поплаки во врска со обработката на вашите лични податоци, ви препорачуваме да стапите во контакт со нашиот службеник за заштита на податоците:

Службеник за заштита на податоци
Информациска безбедност и приватност (C/ISP)
Robert Bosch GmbH
Postfach 30 02 20
70442 Stuttgart (Штутгарт)
GERMANY (ГЕРМАНИЈА)

или

испратете е-пошта до: DPO@bosch.com.


Датум на стапување во сила: 03.04.2023.