Гаранција на производителот Bosch (Состојба 01.09.2004 година.)


Сите Bosch електрични алати, пневматски алати и мерни алати се внимателно испитани и тестирани и подлежат на строги контроли за обезбедување на квалитетот на Bosch. Затоа, Bosch дава гаранција за Bosch електричните алати, пневматски алати и мерни алати.

Правата на купувачот да реализира побарувања врз основа на одговорност за недостатоци од купопродажниот договор со продавачот и законските права не се ограничени со оваа гаранција.

За наведените алати нудиме гаранција во согласност со следниве услови:

1. Даваме гаранција, под условите наведени во следните правила (бр. 2 - 7), за бесплатно отстранување на дефектите на алатот за кои е докажано дека настанале во гарантниот период поради грешка во материјалот или во производството.

2. Гарантниот период е 24 месеци, а во случај на занаетчиска и професионална или слична употреба, 12 месеци. Гарантниот период започнува во моментот на купување на уредот од првиот клиент. За валиден се смета датумот на оригиналната фактура.

За сите професионални, сини електрични алати и мерни алати купени од 01.09.2004 година (со исклучок на високофреквентни алати, индустриски батериски шрафцигери и пневматски алати) гарантниот период се продолжува на 36 месеци, доколку клиентот ги регистрира овие алати во рок од 4 недели од купувањето. Батериските пакети и полначи и приборот доставени заедно со алатите се исклучени од продолжувањето на гаранцијата.

Регистрацијата е можна само онлајн на следната адреса: www.bosch-pt.com/warranty. Како доказ служи потврдата за регистрација која мора веднаш да се испечати, како и оригиналната фактура за набавка, од каде произлегува датумот на купување.

Регистрацијата е можна само во случај кога купувачот се согласува да ги обезбеди податоците што е потребно да се внесат на таа адреса.

3. Исклучени од гаранцијата се:

- Делови што подлежат на абење предизвикано од редовната употреба или од други природни причини, како и дефекти на алатот предизвикани од абење при употреба или од други природни причини.

- Дефекти на алатот предизвикани од непочитување на упатствата за употреба, користење за цели за кои уредот не е наменет, неприродни услови во околинатата, неприспособени услови за работа на уредот, преоптоварување или недостаток на одржување или нега.

- Дефекти на алатот предизвикани од употреба на прибор, додатоци или резервни делови кои не се оригинално од Bosch. - Алати на кои се направени промени или дополнувања.

- Минимални отстапувања од потребниот квалитет кои се незначајни во однос на вредноста и употребливоста на алатот.

4. Алатот за кој гаранцијата важи, по наш избор или го поправаме бесплатно или го заменувамe со исправен алат (доколку е потребно, со понов модел). Алатите или деловите што сме ги замениле преминуваат во наша сопственост.

5. Правото на гаранција мора да се оствари во гарантниот рок. Алатот за кој гаранцијата важи со сите делови и оригиналната фактура која мора да го содржи датумот на купување и името на производот, треба да се предаде или испрати до продавачот или до еден од сервисите наведени во упатство за употреба на уредот. Во случај на остварување на правото од гаранција која важи 36 месеци врз основа на регистрацијата опишана погоре, потребно е да се приложи доказ за регистрација. За алатите кои се делумно или целосно расклопени не може да се признае гаранција. Ако купувачот го испрати алатот до продавачот или до сервисот, трошоците за транспорт и ризикот при транспортот се на товар на купувачот.

6. Покрај правото на поправка на дефектите на алатите опишани во овие услови на гаранција, ниедни други права не произлегуваат од нашата гаранција.

7. Обезбедувањето на гарантна услуга не го продолжува или обновува гарантниот период за алатите. Горенаведените гаранции се однесуваат на алати купени и користени во Европа. Оваа гаранција е регулирана со германското право, а не со спогодбата на Обединетите нации за договори за Меѓународно купување на стоки (CISG).

ROBERT BOSCH GMBH

Geschäftsbereich Elektrowerkzeuge

70745 Leinfelden-Echterdingen

Bundesrepublik Deutschland