Bosch Power Tools GmbH (во натамошниот текст „Bosch Power Tools“ или „Ние“ или „Нас“) ви посакува добредојде на нашите интернет страници и мобилни апликации (заедно, исто така наречени „Онлајн понуди“). Ви благодариме за вашиот интерес за нашата компанија и нашите производи.
Заштитата на вашата приватност во текот на обработката на личните податоци, како и безбедноста на сите деловни податоци, претставува важна грижа за нас. Ние ги обработуваме личните податоци што биле собрани за време на вашата посета на нашите онлајн понуди, на доверлив начин и само во согласност со законските регулативи.
Заштитата на податоците и безбедноста на информациите се составен дел на нашата корпоративна политика.
Bosch Power Tools GmbH е контролорот којшто е одговорен за обработката на вашите податоци; исклучоците се наведени во ова известување за заштита на податоците.
Нашите контактни податоци се следните:
Robert Bosch Power Tools GmbH, Max-Lang-Straße 40-46, 70771 Leinfelden-Echterdingen, kontakt@bosch.de.
Се обработуваат следните категории на лични податоци:
Личните податоци се состојат од сите информации коишто се поврзани со идентификувано или препознатливо физичко лице, а тука се вклучени, на пр. имиња, адреси, телефонски броеви, адреси на е-пошта, главни договорни податоци, сметководство на договорите и податоци за плаќањето, кои го изразуваат идентитетот на една личност.
Ние ги прибираме, обработуваме и користиме личните податоци (вклучително и IP-адресите) само кога за тоа постои законска правна основа, или ако самите сте дале согласност за обработката или употребата на личните податоци во врска со ова прашање, на пр. по пат на регистрација.
Ние, како и добавувачите на услуги нарачани од наша страна; ги обработуваме вашите лични податоци за следните цели на обработка:
4.3.1 Обезбедување на овие онлајн понуди
(Правна основа: легитимен интерес од наша страна за директен маркетинг, се додека тоа се случува во согласност со заштитата на податоците и законот за конкуренција).
За таа цел го користиме и нашиот давател на услуги Zendesk Inc. 989 Market Street, San Francisco 94103 US. Zendesk ни ја обезбедува техничката инфраструктура за нашата служба за помош.
4.3.2 Решавање на прекини во услугата, како и од безбедносни причини.
(Правна основа: Исполнување на нашите законски обврски во рамките на безбедноста на податоците и легитимниот интерес за решавање на прекините во услугите, како и заштитата на нашите понуди).
4.3.3 Заштита и одбрана на нашите права.
(Правна основа: Легитимен интерес од наша страна за заштита и одбрана на нашите права).
Секој пат кога користите интернет, вашиот пребарувач ни пренесува одредени информации, што ги чуваме во таканаречените датотеки со дневници.
Ние ги складираме датотеките со дневници за да утврдиме дали постојат нарушувања на услугите и од безбедносни причини (на пример, да ги испитаме обидите за напад), во период од 30 дена, а потоа ги бришеме. Датотеките со дневници што треба да се чуваат како докази се исклучени од бришењето, сé додека не се реши соодветниот инцидент и во зависност од случај до случај, можат да се предадат на истражните органи.
Во датотеките со дневници, се зачувуваат следните информации:
- IP адреса (адреса на интернет протокол) на терминалниот уред што се користи за пристап до онлајн понудата;
- Интернет-адресата на веб-сајтот од кој се пристапува до онлајн понудата (т.н. веб-адреса на потекло или упатувач);
- Името на датотеките или информациите до кои се пристапува;
- Датумот и времето како и времетраењето на отповикување на податоците;
- Количината на префрлени податоци;
- Код за статус на http (на пример, „успешно барање“ или „бараната датотека не е најдена“).
Оваа онлајн понуда не е наменета за деца под 16-годишна возраст.
Во принцип, вашите лични податоци се проследуваат до други контролори само ако се потребни за исполнување на договорната обврска, или ако ние самите, или некоја трета страна, има легитимен интерес за преносот на податоци, или ако за тоа сте дале согласност. Деталите за правната основа и примателите или категориите на приматели, можат да се најдат во делот - Цели на обработката и правна основа.
Дополнително, податоците можат да се пренесат на други контролори, ако сме должни да го сториме тоа заради законските прописи или извршните административни или судски наредби.
4.6.1 Добавувачи на услуги (општи)
Вклучуваме надворешни даватели на услуги со задачи, како програмирање и хостирање податоци. Внимателно ги избравме тие добавувачи на услуги и редовно ги набљудуваме, особено во врска со нивното соодветно постапување и заштитата на податоците што ги чуваат. Сите даватели на услуги се должни да ја чуваат доверливоста и да ги почитуваат законските одредби. Добавувачи на услуги можат да бидат и други компании од групацијата Bosch.
Личните податоци можеме да ги пренесеме на приматели лоцирани надвор од ЕЕА, во таканаречени трети земји. Во такви случаи, пред преносот се осигуруваме дека примателот на податоците обезбедува соодветно ниво на заштита на податоците, или дека вие сте дале согласност за преносот.
Имате право да добиете преглед на примателите од трети земји и копија од конкретно договорените одредби, кои го обезбедуваат соодветното ниво на заштита на податоците. За таа цел, ве молиме користете ги изјавите дадени во делот Контакти.
Во принцип, ние ги чуваме вашите податоци онолку долго, колку што е потребно да ви ги пружиме нашите онлајн понуди и поврзаните услуги, или сé додека имаме легитимен интерес за чување на податоците (на пр., ние сеуште би можеле да имаме легитимен интерес за маркетинг преку пошта, по исполнувањето на нашите договорни обврски). Во сите други случаи, ние ги бришеме вашите лични податоци, со исклучок на податоците што сме должни да ги чуваме заради исполнување на законските обврски (на пример, поради периодите на чување според даночните и комерцијалните кодови, должни сме да имаме документи како што се договори и фактури за одреден временски период).
Во контекст на нашата онлајн услуга, можат да се користат колачиња и механизми за следење.
Колачињата се мали текстуални датотеки, што можат да се зачуваат на вашиот уред при посетата на нашата онлајн услуга.
Следењето е можно преку користењето на различни технологии. Конкретно, ние ги обработуваме информациите користејќи ја технологија на пиксели и/или тоа го правиме за време на анализата на датотеките со дневници.
Ние правиме разлика помеѓу колачињата кои се задолжително потребни за техничките функции на онлајн услугата и оние колачиња и механизми за следење, кои не се задолжително потребни за техничката функција на онлајн услугата.
Вообичаено е можно да се користи онлајн услугата без колачиња, кај оние услуги што служат за нетехнички цели.
5.1.1 Технички потребни колачиња
Под технички потребни колачиња, подразбираме колачиња без коишто не може да се обезбеди техничко обезбедување на онлајн услугата. Тука се вклучени, на пример колачињата што зачувуваат податоци, за да се обезбеди непречена репродукција на видео или аудио снимки.
Таквите колачиња ќе бидат избришани кога ќе ја напуштите веб-страницата.
5.1.2 Колачиња и механизми за следење кои технички не се потребни
Ги користиме колачињата и механизмите за следење, само ако претходно сте ни ја дале вашата согласност за секој одреден случај. Со исклучок на колачето што го зачувува тековниот статус на вашите поставки за приватност (колаче за избор). Ова колаче е поставено врз основа на легитимен интерес.
Во однос на овие колачиња и механизми за следење, разликуваме две подкатегории:
Овие колачиња ја олеснуваат работата и на тој начин ви овозможуваат поудобно да ја пребарувате нашата онлајн услуга; на пример, вашите јазични поставки можат да бидат вклучени во овие колачиња.
Општо
Со користење на колачињата за маркетинг и механизмите за следење, ние и нашите партнери сме во состојба да ви прикажеме понуди врз основа на вашите интереси, како резултат на анализата на вашето однесување како корисник:
- Статистика:
Со користење на статистичките алатки, го мериме на пример, бројот на прегледи на вашата страница.
- Следење на конверзија:
Нашите партнери, заради следење на конверзијата ставаат колаче во вашиот компјутер („колаче за конверзија“), ако сте пристапиле до нашата веб-страница преку рекламата на соодветниот партнер Вообичаено, овие колачиња немаат важност после 30 дена. Доколку посетувате некои одредени страници на нашата веб-страница, а колачето сеуште не е истечено, ние и нашиот соодветен партнер за конверзија можеме да препознаеме дека одреден корисник кликнал на рекламата, па затоа бил пренасочен кон нашата веб-страница. Ова исто така може да се направи на повеќе уреди. Информациите добиени со помош на колачето за конверзија служат за составување на статистика за конверзијата и запишување на вкупниот број на корисници, кои кликнале на соодветната реклама и биле пренасочени кон веб-страница, со ознака за следење на конверзијата.
- Повторно насочување:
Овие алатки создаваат профили на корисници, со помош на рекламни колачиња или колачиња за рекламирање од трети страни, наречени „веб-светилници“ (невидливи графики што се нарекуваат и пиксели или пиксели за следење), или со помош на споредливи технологии. Тие се користат за рекламирање базирано на интерес и за контрола на зачестеноста, со која корисникот гледа некои одредени реклами. Релевантниот добавувач на услуги е контролорот којшто е одговорен за обработката на податоците, во врска со алатката. Добавувачите на алатките можат да откриваат информации и на трети страни, заради гореспоменатите цели. Во тој контекст, ве молиме да обрнете внимание на известувањата за заштита на податоците, добиени од релевантниот добавувач.
Ве молиме, имајте во предвид дека користењето на алатките може да вклучува пренос на вашите податоци до приматели надвор од ЕЕА, каде што нема соодветно ниво на заштита на податоците во согласност со GDPR (на пример, во САД). За повеќе детали во овој поглед, погледнете го следниот опис на поединечните алатки за маркетинг.
5.3.1 Google Analytics
Име: Google Analytics Добавувач на услуги: Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Dublin 4, Ирска
Функција: анализа на однесување на корисници (прегледи на страници, број на посетители и посети, преземања), создавање псевдонимизирани кориснички профили според податоци од повеќе уреди на најавени корисници на Google (следење на повеќе уреди), збогатување на псевдонимизирани кориснички податоци со податоци конкретни за целна група овозможени од Google, повторно насочување, UX-тестирање, следење на конверзија и повторно насочување во врска со Google Ads
5.3.2 Tealium
Име: Tealium
Давател на услуги: Tealium Inc., 11095 Torreyana Road San Diego, CA 92121
Функција: администрација на ознаките на веб-сајтот преку интерфејс, интеграција на кодови на програми на нашите веб-сајтови
Можете да управувате со поставките за колачиња и механизмите за следење во прелистувачот и/или нашите поставки за приватност.
Белешка: Поставките што сте ги направиле се однесуваат само на пребарувачот што бил користен во секој поединечен случај.
5.4.1 Деактивирање на сите колачиња
Ако сакате да ги деактивирате сите колачиња, ве молиме деактивирајте ги колачињата во поставките на вашиот пребарувач. Ве молиме имајте во предвид дека тоа може да влијае на функционалноста на веб-страницата.
5.4.2 Управување со вашите поставки во врска со колачињата и механизмите за следење кои технички не се потребни
Кога ги посетувате нашите веб-страници, во слојот на колачиња, ќе бидете прашани дали се согласувате со тоа да ги користиме колачињата за удобност, колачињата за маркетинг или механизмите за следење, на соодветен начин.
Во нашите поставки за приватност, можете да ја повлечете вашата согласност со важност за во иднина, или да ја дадете вашата согласност во некој подоцнежен момент.
Користиме алатки за комуникација на нашата платформа за социјални медиуми (на пр. Twitter) за да ги обработиме вашите пораки испратени преку оваа платформа за социјални медиуми и да ви понудиме поддршка.
Кога испраќате порака преку нашата платформа за социјални медиуми, пораката се обработува за да се справи со вашето барање (и доколку е потребно дополнителни податоци, кои ги добиваме од давателот на услуги социјални медиуми во врска со оваа порака, како вашето име или датотеки).
Дополнително, можеме да ги анализираме овие податоци во збирна и анонимна форма со цел подобро да разбереме како се користи нашата платформа за социјални медиуми.
Личните податоци што ги давате ќе ги проследиме до правното лице Bosch одговорно за обработка на вашето барање (на пример, во случај вашето барање да се однесува на производ што е дистрибуиран од друго правно лице на Bosch). Правната основа за обработка на вашите податоци е наш легитимен интерес (чл. 6 ст. 1 s. 1 точ. f од GDPR) или, доколку е применливо, постоечки договорен однос (чл. 6 ст. 1 s. 1 точ. b од GDPR). Обработените лични податоци се бришат најдоцна 180 дена по приемот на вашата порака.
Нашите онлајн понуди можат да содржат врски до интернет страници на трети страни, особено до добавувачи коишто не се поврзани со нас. Откако ќе кликнете на линкот, тогаш ние веќе немаме влијание врз прибирањето, обработката и користењето на личните податоци, што веројатно се префрлаат со кликнување на линкот до трета страна (како што е IP-адресата или URL-адресата на страницата, на којашто се наоѓа линкот) бидејќи однесувањето на третите страни е секако надвор од нашата контрола. Ние не ја преземаме одговорноста за обработката на личните податоци од страна на трети страни.
Нашите вработени и компаниите што даваат услуги во наше име, се должни да ја чуваат доверливоста и да ги почитуваат важечките закони за заштита на податоците.
Ги преземаме сите неопходни технички и организациски мерки, за да го обезбедиме соодветното ниво на безбедност и да ги заштитиме вашите податоци што се администрираат од наша страна, особено за ризици од ненамерно или незаконско уништување, манипулација, загуба, промена или неовластено откривање или неовластен пристап. Нашите безбедносни мерки, во согласност со технолошкиот напредок, постојано се подобруваат.
За да ги остварите вашите права, користете ги деталите дадени во делот за Контакт 16. Притоа, ве молиме осигурајте се дека е можна недвосмислена идентификација на вашата личност.
Право на информации и пристап
Имате право да добиете потврда од наша страна за тоа дали вашите лични податоци се обработуваат или не, и доколку се обработуваат, да добиете пристап до вашите лични податоци.
Право на исправка и бришење
Имате право да напрвите исправка на неточните лични податоци. Ако се исполнети законските услови, имате право на комплетирање или бришење на вашите податоци.
Тоа не се однесува на податоците коишто се неопходни за наплата или за сметководствени цели, или подлежат на законскиот период за чување. Меѓутоа, ако пристапот до таквите податоци не е потребен, нивната обработка е ограничена (погледнете го следното).
Ограничување на обработката
Ако се исполнети законските барања, имате право да побарате ограничување на обработката на вашите податоци.
Преносливост на податоци
Ако се исполнети законските барања, можете да побарате да ги примате податоци што ни ги имате дадено, во структуриран, најчесто користен и машински читлив формат, или - доколку е технички изводливо - да ги пренесеме тие податоци до некоја трета страна.
Противење за директен маркетинг
Дополнително, може да се спротивставите на обработката на вашите лични податоци за цели на директен маркетинг во секое време. Имајте предвид дека поради организациски причини, може да има преклопување помеѓу вашиот приговор и користењето на вашите податоци во рамките на кампањата која веќе е во тек.
Приговор за обработка на податоци базиран на правна основа за „легитимен интерес“
Дополнително, во секое време имате право да се спротиставите на обработката на вашите лични податоци, доколку тоа се заснова на легитимен интерес. Тогаш ќе ја прекинеме обработката на вашите податоци, освен ако не ви покажеме убедливи легитимни основи, според законските барања што ги занемаруваат вашите права.
Повлекување на согласноста
Во случај да сте се согласиле на обработка на вашите податоци, во секое време имате право да ја отповикате таа согласност, со ефект којшто ќе го има во иднина. Законитоста за обработката на податоците пред вашето повлекување останува непроменета.
Имате право да поднесете жалба до надзорен орган. Можете да се жалите до надзорниот орган којшто е одговорен во вашето место на живеење или во државата каде што живеете, или до надзорниот орган којшто е одговорен за нас. Тоа е:
Државен комесар за заштита на податоците и слободата на информациите
Адреса:
Lautenschlagerstraße 20
70173 Stuttgart, ГЕРМАНИЈА
Поштенска адреса:
Поштенско сандаче: 10 29 32
70025 Stuttgart, ГЕРМАНИЈА
Телефон: 0711/615541-0
Факс: 0711/615541-15
Е-пошта: poststelle@lfdi.bwl.de
Го задржуваме правото да ги промениме нашите мерки за безбедност и заштита на податоците. Во таквите случаи, соодветно ќе го измениме и известувањето за заштита на податоците. Затоа, ве молиме да обрнете внимание на тековната верзија на нашето известување за заштита на податоците, бидејќи таа подлежи на промени.
Доколку сакате да нé контактирате, ве молиме најдете нé на адресата наведена во делот „Контролор“.
За да ги потврдите следниве права, користете го следниов линк: https://request.privacy-bosch.com/entity/PTDE/?app=9ec84c1f-47fd-4ca5-84dc-e4c555a3a3af.
За да пријавите инциденти околу заштитата на податоците, користете го следниов линк: https://www.bkms-system.net/bosch-datenschutz.
За предлози и поплаки во врска со обработката на вашите лични податоци, ви препорачуваме да стапите во контакт со нашиот службеник за заштита на податоците:
Службеник за заштита на податоци
Информациска безбедност и приватност (C/ISP)
Robert Bosch GmbH
Postfach 30 02 20
70442 Stuttgart
ГЕРМАНИЈА
или
mailto:DPO@bosch.com.
Датум на стапување во сила: 18.10.2024.